Кабинет на Орбан: Мигрантите ја направија Виена валкан град
Јанош Лазар, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на својот Фејсбук профил објави видео на кое тој се наоѓа во дистрикт на Виена, за кој вели дека станал повалкан, посироомашен и со поголема стапка на криминал од кога таму живеат мигранти.
На снимката Лазар вели дека за 20 години и унгарската престолнина Будимпешта би можела да изгледа како таа неименувана населба Виена, доколку опозициските партии „ги пуштат внатре мигрантите“.
- Работиме на тоа да го спречиме тој феномен, вели Лазар.
Тој тврди дека во тој виенски дистрикт од „белци и христијани“ останале само пензионери, додека „сите други се мигранти“. Воедно, тој тврди дека во квартот нема деца на белци.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 8 април, а во центарот на кампањата на антоимиграциската партија „Фидес“ на Орбан се токму мигрантите.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови