Качински: Варшава сака Велика Британија да одржи нов референдум за да се врати во ЕУ

Полска сака Велика Британија да спроведе нов референдум, со цел да се врати во ЕУ, изјави Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија Право и правда.
Качински истакна пред медиумите во Бјалисток, дека тенденција кон спроведување на втор референдум има и во Велика Британија.
- Велика Британија е под закана од распаѓање, нагласи претседателот на Право и правда.
- Но, за да може Велика Британија да остане во ЕУ, Европската унија треба да се промени, и тоа радикално, наведе Качински.
Тој повика на создавање на нов европски договор, „заснован на принципи, различни од оние кои се наведени во Лисабонскиот договор, и пред се различни од практиката на која бевме сведоци по усвојувањето на Лисабонскиот договор“.
Качински сепак не ја исклучи можноста за распаѓање на ЕУ, особено ако во Франција се случи „нешто загрижувачко“.
Тоа е навестување за можното избирање на лидерката на францускиот екстремнодесничарски „Национален фронт“, Марин Ле Пен за претседател.
Качински, за резултатите од британскиот референдум го обвини својот сонародник, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Спред него Туск требало да стори повеќе за да ги смири стравувањата на Велика Британија за членството во ЕУ, изјави полскиот лидер, кој е долготраен политички ривал на Туск.
Како преговарач со Велика Британија, Туск носи директна одговорност и треба едноставно да исчезне од европската политика. Но, тоа се однесува и за целата Европска комисија во сегашниот нејзиниот состав, додаде Качински.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
