Живот
31. March 2017 - 15:45

Каде ќе и оди душата: Наместо да ја крене ја снимаше жената како се бори за живот

Падот од една тераса во Кувајт ги зачуди сите што ја видоа оваа снимка. Додека жената со една рака виси на работ од терасата, и веројатно моли за помош, некој од другата страна цело време снима.

Жената вреска и гледа во лицето кој ладнокрвно снима. Снимателот или снимателката во еден момент се поместува не сакајќи ни поблиску да пријде до жената која виси од терасата. Наводно во прашање е куќната помошничка на жената која снима.

Жената повеќе не може да се држи и паѓа долу.

Се слуша страотен тресок на жената која паднала на пониската зграда.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 

Наводно жената го преживеала падот. Дали во прашање е несреќен случај или обид за самоубиство ќе утврди истрагата која е во тек.