-->
-->
Кадетите ги започнаа подготовките
-->

Националната селекција до 16 години утринава го одржа првиот собир со кој официјално започнуваат подготовките кои водат кон Европското првенство (Дивизија Б) кое од 10. до 19. август ќе се одигра во Софија, Бугарија. Селекторот Горан Ѓорѓиевски прозиваше младите кошаркари кои ќе бидат комплетирани в понеделник кога на репрезентацијата ќе и се приклучат и останатите кошаркари кои во моментов се на кампот во Маврово.
Со тоа што сте тука, сте успеале да стигнете до тие 16 кошаркари не значи дека вашето место во оваа репрезентација е загарантирано. Во оваа репрезентација ќе бидат само кошаркари кои напорно работат. Доколку забележам несериозност и непочитување кон националниот дрес верувајте дека нема да се двоумам да ве заменам со некој друг кошаркар кој можеби не успеал да влезе во овие 16, но има почит кон националниот дрес. - Го нагласи значењето на националниот дрес, селекторот Горан Ѓорѓиевски.
Со оваа репрезентација ќе работи и Мирослав Георгиевски - Паланка.
Интересно е што јас бев тренер на оваа репрезентација во времето кога Горан беше дел од неа. Се познаваме долго време и верувам дека соработката ќе биде како што треба. Вие млади кошаркари сте на возраст кога ќе ви стане јасно дали ќе продолжите активно да се занимавате со овој спорт или пак ќе ја насочите кариерата кон некоја друга страна. - Накратко Георгиевски им се обрати на кошаркарите.
Пред континенталното првенство во Бугарија, кадетите ќе одиграат четири пријателски натпревари и тоа два против Бугарија (19. и 20. јули), Косово (31. јули) и против Шведска (8. август). Покрај пријателските натпревари кои ќе бидат одиграни в Скопје, кадетите ќе земат учество и на меѓународен турнир кој ќе се одигра во Истанбул во периодот од 22. до 26. јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
