Свет
15. January 2017 - 18:00

Кадиров: Уапсени повеќе од 50 џихадисти

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави денеска дека во таа руска покраина уапсен е „исклучително опасниот терорист“ Имран Дацаев, припадник на екстремистичка група под контрола на Исламска држава, како и уште 50 џихадисти.

- Сега целата група бандити е неутрализирана и повеќе од 50 членови се одведени во полициски станици, наведе Кадиров.