Каевски: Мицкоски е прав паразит, добил над 50.000 евра народни пари за помалку од две години
ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити кои со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија.
Еве кои се вистинските паразити од ВМРО-ДПМНЕ, прв и главен меѓу нив е кој ако не нивниот шеф Христијан Мицкоски.
Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.
Но тоа не е прв случај каде Мицкоски се богател од парите на граѓаните. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните.
Тоа е потврдено и со официјални документи.
И сето ова се случуваше во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет.
Еве почитувани, кои се вистинските паразити. Дали од овие народни пари, Мицкоски си изгради хидроцентрала и основаше компании?
Во наредните денови јавноста ќе дознае и за други лица, блиски соработници на Мицкоски кои паразитски се богателе на сметка на граѓанитe.
Дарко Каевс
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
-

Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“
-

Астрономот Николај Железнов: Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават
-

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување
-

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
