Македонија
9. December 2016 - 12:50

Кај Хиос спасени 66 мигранти и бегалци

Италијански брод на Фронтекс утрово спасил 66 бегалци и мигранти заглавени на малиот остров Паспаргос, во близина на Хиос.

Сите мигранти се префрлени во пристаништето на Хиос.
Во исто време, во близина на Лезбос во четири операции за потрага и спасување на мигранти, спасени се 200 бегалци.