Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
Премиерот Христијан Мицкоски според верувањата ќе биде најсреќен годинава, кај него се паднала паричката на Бадниковата вечера.
-Паричката оваа година се падна кај мене, рече Христијан Мицкоски, Премиер.
Во домот на Претседателката Гордана Сињановска Давкова најмногу среќа имала внуката.
-И мислам дека вчера немаше посреќно дете од неа, рече Гордана Сиљановска Давкова. Претрседателка.
Кај лидерот на СДСМ Венко Филипче паричката се паднала во синот.
-Паричката се падна кај синот, рече Венко Филипче, претседател на СДСМ
Синовите и на претседателот на ЗНАМ Макисим Димитриевски и на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски вчера биле најсреќни.
Но, и годинава актуална е вечната дилема, кога треба да се крши лепчето или питата со паричка за Бадник или за Василица. Еве кој е ставот на Црквата.
-Честопати велиме според црковнотот предание како ги гледаме работите што се случувале. Има причина зошто се прави тоа на Василица, поврзано е со неговото житие кога златници ставил во лепчиња, ги разделил на сите верници и секој го добил тоа што го дал претходно во црквата. И затоа има симболика зошто се прави тогаш. Зошто се прави на Бадник не знам. Во црковните сведоштва, историски гледано, немаме никакво сведоштво дека тоа се правело на Бадник. Тоа најверојатно е нешто поново кај нашиот народ. Меѓутоа тоа да не биде на некоја начин суеверие. Јас не велам дека пречи, нека си го прават луѓето како традиција, но да не биде суеверие дека ние сепак веруваме во таа паричка, во тој предмет дека носи среќа низ целата година. Ние целата година треба да имаме на ум дека сме христијани, вели Отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.
Сепак, и покрај ваквиот став на Црквата, многумина ја подржуваат традицијата и ги практикуваат обичаите и верувањата и лепче со паричка кршат на Бадник во предвечерието на раѓањето Христово - Божиќ.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
