-->
-->
Кај Табановце уапсен Албанец, криумчарел мигранти
-->

На 11.03.2021 околу 21.30 часот во близина на бензиска пумпа и мотел на автопатот кој води од Табановце кон Скопје од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Сопот лишен е од слобода Б.Е.(35) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Имено, околу 21.15 часот на стариот пат за с.Табановце, на исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон с.Речица, од полициски службеници било забележано дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река. По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се 8 лица мигранти, од кои 5 од Пакистан, 2 лица од Мали и 1 лице од Сомалија.
Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
-

Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
