Кај турски државјанин пронајдени лекови, цигари, казино картички и брендирана спортска облека без документација
Денеска (29.09.2023) во 04.30 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Ф.Т.(56) од Република Турција, со живеалиште во Скопје.

При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени 81 кутија таблети „ксарелто“, повеќе штеки цигари, медицинско помагало, повеќе комплети брендирана спортска облека и 10.000 казино картички за кои не поседувал документација. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во денешниот билтен на МВР.
Ново на Сител
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
