Живот
2. October 2016 - 10:05

Како „блутут-от“ го добил своето име?

Веројатно секој кој има мобилен телефон, барем еднаш во животот ја користел опцијата „блутут“ за безжичен и бесплатен пренос на содржини меѓу два апарати.

Но, многу малку луѓе знаат од каде потекнува името на оваа опција.

„Блутот-от“ го добил името по прекарот на викиншкиот крал Харалд Гормсон – Блутут.

Како што објави компанијата „Ериксон“ на својата официјална интернет страница, Харалд живеел во 10. век и владеел се територии во денешна Данска и Норвешка.

Тој во историјата останал запомнат како прв владетел кој ја промовирал комуникацијата меѓу двете територии под негова управа, раздвоени со Северното Море.

Блутут 2

Во еден запис од 1140 година се наведува дека Харалд го добил својот прекар „Блутут“ (Син заб), затоа што еден од неговите заби бил потемен и наликувал како да е со сина боја.

Според други тврдења, прекарот го добил затоа што секогаш носел сина облека, со што сакал да го нагласи своето кралско потекло.

Постојат и други теории за потеклото на прекарот, но за ниту една од нив нема сигурен доказ.

За поврзаноста на кралот Харалд со опцијата „блутут“ доказ е и нејзиниот симбол, кој претставува спој на две руни од неговите иницијали, кои биле многу популарни во северна Европа во тој период. сп/15:05

Блутут 3