Македонија
21. January 2021 - 21:15

Како да се отстранат старите, нерегистрирани или хаварисани возила од скопските паркинзи?

Додека граѓаните мака мачат каде да ги паркираат своите автомобили и плаќаат високи цени за паркинг место, над 1000 хаварисани и нерегистирани возила ги узирпураат јавните површини во градов. Проблемот е најсериозен во општина Центар каде има над 200 дотраени автомобили. Околу 100 возила скапуваат на паркинзите низ Карпош, а околу 50на во Кисела Вода. Во Аеродром каде го има истиот проблем, надлежните не ни одговорија колку автомобили со години скапуваат.

Општинските власти велат дека иако постојано организираат акции за остранување на овој вид на оптпад, пред се потребна е инситуционална соработка. 

Од град Скопје признаат дека проблемот со хаварисаните возила е голем и освен што ги узурпираат паркинг местата,  го нагрдуваат и изгледот на градот. Од таму додаваат дека во соработка со општините ќе ги дислоцираат ваквите автомобили.

И додека општините чекаат помош од град Скопје, јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар почна да ги отстранува ваквите автомобили.

Иако и во западноепропските земји овој проблем е во надлежност на локалните власти, таму речиси и да не се забележува ваков отпад низ градовите. Во Англија, законски, надлежните имаат право да му го одземат возилото на сопственикот доколку го паркира на јавна површина, а задоцил со регистрација само еден ден.