Живот
10. January 2018 - 18:35

Како не ти е срам со дете во рака така да се облекуваш: Млада мајка нападната поради својата облека

Популарната австралиска блогерка, 27 годишната Стиви Ники доживеала голема непријатност во текот на една прошетка со детето во раце.
 
Кон неа се залетал еден непознат маж и ја критикувал поради нејзиниот стил на облекување, кој според неговото мислење не и прилега на една мајка.
Проблемот бил во тоа што на овој маж не му се допаднале искинатите фармерки, кои на себе ги имала Стиви, односно тоа што повеќе не е девојче за така да се облекува.
 
- Пред некој ден некој ми кажа дека не се облекувам како мајка и да не би требало да го носам тоа што го носам. Дури и слушнав коментари дека мојата облека не е примерна на моите години. Го носев ова од фотографијата. Извинете? Само што се јави 1950 година и ги сака назад своите застарени ставови. Дали владата издаде наредба за тоа што би требало мајките да носат, а јас сум пропуштила? Дали ангажирале полиција да пази што луѓето облекуваат? Од кога тоа морам да се облекувам како на другите им се допаѓа? На крајот на краиштата, планирам ли и во 80-тите години да носам искинати фармерки, фустани со тил од еднорог и коса во други бои?, се праша Ники а потоа во здив продолжи со пишувањето на Инстаграм.
- Тоа како изгледам или што носам не говори каква личност сум. Мојот изглед не влијае на мојата личност. Она што го споив не дефинира каква сум од внатре. Ќе изгледам како сакам и ќе облекувам што сакам, а сеедно ќе бидам мајка. Можам да го променам и полот, сеедно на моите деца ќе им бидам мајка. Погодете што? Добрите и драгите луѓе можат да имаат тетоважи, мајките можат да имаат пирсови, грижливите луѓе може да возат мотори, сиромашните луѓе можат да бидат великодушни преку своите можности, тивките луѓе можат да бидат гласни. Убавите луѓе можат да бидат злобни, згодните луѓе може да се чувствуваат несигурно, богатите луѓе може да бидат примитивни, среќните луѓе може да тагуваат, а пријателски настроените луѓе може да прават лоши работи, порачуваа оваа блогерка.
На крајот заклучува дека сите треба да престанеме со стереотипите, затоа што не постои ништо полошо од нив.
 
- Размислете пред нешто да кажете, пробајте да запознаете некого пред што било да судите за него, а уште подобро немојте воопшто да судите, пишува Стиви.
 
Кој е овде во право, мајката или мажот?