Како песничките влијаат на говорниот развој кај бебето?
Песничките што возрасните им ги пејат на бебињата и тоа како малечките реагираат на ритамот и движењата, има влијание врз говорниот и јазичен развој на детето, според ново истражување спроведено во Универзитетот на Виена во Австрија.
Музиката игра важна улога во секојдневниот живот на луѓето уште од рана возраст. Поаѓајќи од тоа, научниците си го поставија прашањето - како новороденчињата реагираат на различните ритми на песните што нивните родители им ги пејат и какви последици има перцепцијата и обработката на овие ритми врз развојот на говорот? Во испитувањето, мајките им пееле две познати детски песни на своите седуммесечни бебиња - „приспивна“ и „весела“.
Мозочната активност на бебињата притоа била мерена со електроенцефалографија (ЕЕГ). Биле бележани и ритмичките движења на бебињата (на пр. лулањето и слично).
Кога овие деца навршиле 20 месеци, родителите одговараа на прашања околу речитоста на нивните деца.
Сѐ на сѐ, на бебињата им било полесно да ја следат „приспивната“ песна. Но, бебето покажува повеќе ритмички движења додека ја слуша „веселата“ песничка. Занимливо е што само „веселата“ - во комбинација со ритмичките движења позитивно влијаат на речникот на децата на 20-месечна возраст, според начниот труд.
Натамошните испитувања, според истражувачите, ќе се насочат кон развојот на повеќе интервентни програми за подобрување на музичката интеракција меѓу родителите и бебињата, како и умствено-јазичниот развој на децата во нивната најрана возраст.
Ново на Сител
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал