Живот
8. December 2018 - 12:07

„Како скопјани реагираат на насилство“: Социјален експеримент со загрижувачки резултати

Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент во Скопје за тоа како нашето општество реагира на насилството врз жените и девојките.
 
„Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел, од пасивноста на околните минувачи и очевидци на истото. За таа цел, во склоп на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден. Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и се најдоа на помош, било тоа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до Полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот!“ – стои во описот на видеото од експериментот.
 
„Жената е ќерка, мајка, сопруга. Столб на семејството. Речиси некршлива потпора. Молчењето на било какво насилство, вербално, психичко или физичко, не ја прави жената посилна, исто онака како што и насилството не е мерка за машкост. Вистинската сила е во тоа да се каже стоп за насилството врз жената, без разлика на полот“ – е пораката на крајот од видеото.
 
„Пријави насилство, повиши го гласот, нека се слушне до бесконечност. #слушнија“ – порачуваат од ММСА.