Живот
26. January 2019 - 9:56

Како во најстрашен хорор филм: Маскиран човек со секира влета во продавница и им се закануваше на муштериите, настана паника и бркотница

Лондонската полиција трага по маж кој со секира во рака влетал во продавница, заканувајќи им се на муштериите и продавачите.

На снимката од безбедносните камери во јужен Лондон, се гледаат десетина луѓе како бегаат со се во корпите и во количките кон задниот излез, додека ги брка маж кој замавнува со секирата.

Мажот кој имаше маска преку долниот дел од лицето, потоа побегнал од продавницата и исчезнал.

На самото место дошла полиција која утврдила дека тој направил штета во продавницата, но за среќа никој не е повреден.

Во тек е потрага по него.