КАКОВ ИДИОТ: Бизнисмен во Порше одби да се тргне за да помине Брза помош

Иако возачот на амбулантното возило во повеќе наврати му сигнализираше дека „поршето“ мора да ја ослободи коловозната лента, бизнисменот се правеше дека не слуша
Евгениј Шувалов, 45-годишен бизнисмен е поставен на ѕидот на срамот во Русија поради неговото, кажано во најмала рака, безобразно однесување. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа дека тој, со своето „порше“ го попречува возилото на итната помош, иако се вклучени ротациските светла и сирената што сите ја слушнаа.
Иако возачот на амбулантното возило во повеќе наврати му сигнализираше дека „поршето“ мора да ја ослободи коловозната лента, бизнисменот воопшто не посветуваше внимание. Не беа доволни ниту реакциите на другите возачи на улицата. Бизнисменот, правејќи се глув, продолжи да ја блокира итната помош.
Ситуацијата се разреши дури откако се вмеша полицијата, па тој мораше да ја ослободи лентата по која возеше. Задржувањето беше повеќе од една минута, што може да биде и пресудно за нечиј живот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
