Какви мерки ќе препорача Комисијата за заразни болести?
Во овие моменти заседава Комисијата за заразни болести и се очекува во текот на денот да излезат со препораки околу забрзаното ширење на Ковид 19. Според најавите Комисијата на денешниот состанок не се очекува да препорача дополнителни мерки освен да се скрати времетраењето на периодот на изолација за асимптоматските случаи од 10 на 7 дена, а за контактите со позитивно лице од 2 недели на 10 дена.
Во меѓувреме последниот извештај на Институтот за јавно здравје дека за една недела за 51 процент е зголемен бројот на нозозаразени со Ковид. Пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.
Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 156 се во Скопје останатите се на лекување во болниците низ државата
Од министерството за здравство информираат дека зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ земјава, дневно во болниците во Скопје бројот на прегледи надминува 100 пациенти.
Според епидемилошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми односно од добивање на позитивен резултат.
Инаку анализите на ИЈЗ покажуваат дека периодов доминира Омикрон направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив( 68%) е детектирана Омикрон варијантата.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри