Какво време не очекува до продолжениот викенд?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб, а во западните и во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево и потопло. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти околу нулата, а дневната ќе достигне до 20 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во наредите два денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи, особено во сабота кога ќе има преодно стабилизирање на времето.
Ново на Сител
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
