Калас: Путин се потсмева на мировните напори за Украина

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кaja Калас, остро ги осуди масовните руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа денеска порача дека Москва мора да се соочи со нов бран санкции.
– Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на сите мировни напори кои се прават, рече Калас по пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.
Според неа, новите санкции против руските енергетски извози и финансиски услуги „ќе имаат најсилен ефект“.
Покрај тоа, Калас ги повика земјите-членки на Унијата да продолжат со снабдување на Киев со оружје. – На Украина во овој момент и е потребна целата можна воена поддршка, потенцира таа.
Министрите во Копенхаген ќе дискутираат и за безбедносни гаранции за Украина по завршувањето на војната. Како можни мерки се споменуваат продолжување на обуката за украинската армија и поддршка на тамошната одбранбена индустрија.
– Но, ако гледаме што прави Путин, денот по војната сè уште не е близу, призна Калас.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
