Калина Велевска е девојката по која се трага на Кајмакчалан
Дваесет и шестгодишната Калина Велевска е девојката на која вчера вечер заедно со уште едно момче и се губи трагата на грчката страна на планината Кајмакчалан. Групата планинари меѓу кои биле Велевска и момчето чиј идентитет засега е непознат, ја преминале грчката граница. Кратко по тоа, планинарите забележале дека Велевска и момчето не се со нив по што веднаш пријавиле во полиција. Според информации на А1он, лоциран е сигналот од нивните телфони во близина на караула. Од МВР велат дека не може да се потврди дали тие се живи. Лошите временски услови на Кајмакчалан дополнително ја отежнуваат работата на спасувачките екипи, најавен е нов снег и бура. По исчезнатите се трага со хелихоптер, во акцијата се вклучени граничната полиција, Центарот за управување со кризи, а на помош се повикани и искусни алпинисти од горската служба. Двете лица по кои се трага се членови на планинарското друштво „Трансверзалец“. Биле обучени за искачување на големи висини, а Велевска има и сертификат за водич.
Ново на Сител
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
