Камелија Нејкова ќе ја предводи ЦИК во Бугарија
Претседателот на Бугарија Румен Радев соопшти дека Камелија Нејкова ќе биде на чело на Централната изборна комисија, откако претходно денеска одржа вонредни консултации со парламентарните партии со цел да биде предложена кандидатура за претседател на ЦИК.
Претседателот на Бугарија Румен Радев соопшти дека Камелија Нејкова ќе биде на чело на Централната изборна комисија, откако претходно денеска одржа вонредни консултации со парламентарните партии со цел да биде предложена кандидатура за претседател на ЦИК.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, консултациите се случија откако беше повлечена единствената кандидатура за претседател на комисијата, онаа на адвокатот Красимир Ципов, предложен од партијата ГЕРБ. Втората политичка сила во Бугарија „Има такви луѓе”, ја предложи Камелија Нејкова да претседава со ЦИК, по што Радев најави дека таа ќе биде новиот раководител на Комисијата. Вонредните консултации кај претседателот на Бугарија се случија поради неизвесноста кој ќе раководи со ЦИК пред предвремените парламентарни избори во земјата.
Лидерот на ГЕРБ и премиер во оставка Бојко Борисов виде стапица во номинацијата на нивниот претставник Красимир Ципов, откако ниту една од другите пет партии и коалиции од 45-то Национално собрание не номинираше кандидати за функцијата шеф на ЦИК.
По консултациите со партиите, започнаа сослушувањата на кандидатите за членови и раководството на ЦИК во зградата на претседателството во Софија.
Ново на Сител
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет