Македонија
2. December 2015 - 12:42

Каменос ќе излезе од грчката Влада ако во нашето име го има зборот „Македонија“

Лидерот на коалицискиот партнер во грчката Влада, Независни грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос, го повтори својот радикален став за прашањето за името.

Во гостување на телевизијата „Мега“, во кое тема беше актуелната ситуација во Грција и владиното мнозинство во Парламентот во врска со спроведувањето реформи, Каменос не прошушти да ја спомене и Македонија.

-  Ние нема да останеме во Владата ако се дозволи употреба на зборот Македонија во името на Скопје, изјави Каменос.