Каменос: Македонија е една и грчка

Не прифаќаме ниту Северна, ниту Јужна, ниту Источна, ниту Западна Македонија, затоа што Македонија е една и грчка, вели лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката Влада, Панос Каменос и уште еднаш го повтори неговиот цврст став од кој, како што вели, не отстапува. Паралелно, рече дека предуслов за решение е промена на македонскиот Устав.
- За името на Македонија е јасна позицијата на Независни Грци. Не прифаќаме ниедно решение што ќе го содржи името Македонија. Ниту Северна, ниту Јужна, ниту Источна, ниту Западна Македонија. Македонија е една и грчка, Македонија како што ја опиша Константинос Караманлис. На ред е ПЈРМ, Скопје, да направи уставни промени. Ајде да видиме. Грција има направено доста чекори. Секако дека сакаме решение, без давање на терминот Македонија. Промената на Уставот е предуслов за било кое друго решение, вели Каменос.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, лидерот на Независни Грци рече дека во владата „постојат теми кои јавно се разјаснети дека не може да се сменат позициите ниту на едната ниту на другата партија“. Но, потенцираше дека коалициската влада, ќе стигне до крајот на мандатот.
Панос Каменос, како што вчера објави МИА, денеска ќе се сретне со Алексис Ципрас. Состанокот на двајцата коалициони партнери, ја најави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, а главна тема ќе биде случајот со двајцата грчки војници уапсени кај Еврос на турска територија.
Со оглед на тоа дека оваа средба е на само неколку дена пред посетата на Коѕијас на Скопје, останува енигма дали двајцата коалициони партнери на нивниот состанок ќе го споменат и прашањето за името.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
