Каменос од грчко – македонската граница: Соседите да сфатат дека Македонија е една и грчка и тоа е нивниот билет кон иднина и просперитет
Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, денес ги посети караулите на северната граница на земјата, а од граничниот премин Ники (Меџитлија, од грчка страна) упати порака до Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Каменос рече дека соседите ќе треба да сфатат дека “Македонија е една и грчка, а тоа е билетот кон иднината и просперитетот”.
-Грција сака да живее во мир, а соседите ќе треба да се разберат дека во нивен интерес е Грција, пријателски да е со нив, но во исто време ќе треба да разберат дека се додека провоцираат, се додека имаат иредентистички барања вратата на Грција ќе биде затворена. А вратата на Грција е вратата на Европа и вратата на Западот. Ќе треба да сфатат дека Македонија е една и грчка. Ова ќе им го даде билетот за да продолжат кон иднината и просперитетот, рече Панос Каменос
Ново на Сител
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница

