Kaменуван автобус на ЈСП, момче со крвава глава во болница
Во вторникот вечер во 22.00 часот, во ПС Гази Баба, М.О. (39) од с.Марино, скопско, вработен како возач во ЈСП-Скопје, пријавил дека околу 21.55 часот во Скопје на ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул. „Палмиро Тољати“, додека управувал автобус „јутонг“ сопственост на ЈСП, кој сообраќал на редовна линија бр.65, непознат сторител фрлил камен во правецот на автобусот и притоа искршил еден од прозорите од вториот кат на автобусот.
Од ударот со повреди во пределот на главата се здобил седумнаесетгодишник од с.Булачани, скопско. Истиот со возило на Итна мдицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди. Истиот е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани