Свет
3. January 2019 - 17:30

Камерите го снимија кобниот пад на хеликоптерот: Туристи тргнаа од високо во обиколка на градот, се урнаа на плажа, настрада случаен минувач

Еден хеликоптер се урна на популарната плажа во Сао Паоло, а притоа загина еден минувач.

Кобниот лет го снимија туристи кои тргнале со хеликоптер да го разгледуваат градот.

Меѓутоа, набрзо им почнаа проблемите. Прво се огласи алармот, а потоа леталото почнало да паѓа.

Снимката завршува со пад на хеликоптерот, а пилотот и двајцата туристи се здобиле со помали повреди.

За жал, минувачот Алесандро Леите (42) ја немал таа среќа.

„Само што го испив кафето со него. Тој отиде и јас одлучив малку да прилегнам. Наеднаш слушнав тресок, не знаев дека мојот син загина“, рече таткото на жртвата.