Живот
28. February 2019 - 20:58

Камерите снимија филмска пресметка: Насилник малтретираше маж, а оваа жена го нокаутираше со еден удар

Снимка која повторно се прошири на интернет покажува неверојатна пресметка, за која се претпоставува дека се случила во еден руски локал.

Надзорните камери снимија маж кој еден пијан човек го фрла во фрижидер со пијалоци. Толку го удирал што се чини како да сака да го напика внатре и се да искриѓи.

Во тој момент, се појавува работничка која почнува да се расправа со насилникот и кога го шутнала неколку пати, го соборила на земја со еден удар со бокс во главата.

После оваа филмска сцена, насилникот останува да лежи на земјата, а вработената се вратила на пултот, додека другите и викаат: „Браво!“