Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци

Вкупно 130 казни, поголемиот дел за поминување на црвено светло и неносење кацига од возачите на мотоцикли, биле регистрирани и испратени за два дена со помош на камерите со вештачка интелигенција поставени на осум локации во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во десет автобуси со цел да „ловат“ сообраќајни прекршоци, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерствата за дигитално управување и вештачка интелигенција, за заштита на граѓаните и за инфраструктура и транспорт на Грција, преку заедничко соопштение информираа дека започнало испраќањето на казните, кои прекршувачите ги добиваат дигитално преку специјален сајт и апликација.
Од почетокот на оперативното функционирање на системот, во саботата заклучно со вчера биле испратени првите 130 административни казни.
Камерите со вештачка интелигенција, пилотски се поставени на осум точки со зголемена опасност во Атика, но и во десет автобуси за контрола на незаконско движење во сообраќајните ленти наменети за јавниот превоз, а целта е намалување на сообраќајните несреќи и подобрување на однесувањето на возачите.
При евидентирањето на прекршоците, надлежните органи имаат можност за понатамошна обработка на податоците од регистарските таблички, со цел проверка дали возилата се осигурени, дали имаат извршено технички преглед, дали се платени патарините итн.
Како што информираа од надлежните Министерства, во рамки на проширувањето на проектот, во текот на годинава планирано е поставување на околу 1.000 камери во Атика, Солун и Крит, додека развојот на мрежата ќе продолжи и во 2027 година, а до почетокот на 2027 година, планирано е да бидат поставени околу 300 мобилни камери.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
