Џет-Сет
4. February 2016 - 11:18

Камерон Диаз едвај чека да стане мајка

Камерон Диаз и Бенџи Мајден се венчаа во јануари 2015 година, на интимна церемонија која ја оранизираа во својот дом во Лос Анџелес.

Тие почнаа да се забавуваат во мај 2014 година и се верија само седум месеци подоцна, а нивното малото семејство наскоро би можело да се зголеми за уште еден член. 

- Стапувањето во брак е нешто што е логично кога дознавате дека во некого сте лудо вљубени и сте целосно предадени. Камерон ја пронајде вистинската среќа и веќе подолго време не била волку среќна, открива непознат извор близок до двојката за америкаснките таблоди. 

Тој вели дека двојката сега планира да го прошири своето мало семејство и дека Камерон едвај чека да стане мајка. - Таа никогаш не била посреќна, објаснива истито извор.

Друг пријател на двојката пак вели дека пејачот на рок бендот „Good Charlotte“ е сосема поразличен од сите поранешни момчиња на Диаз, бидејќи со него таа почуствувала семејна атмосфера, која многу и била потребна. 

Пред неколку месеци, Бенџи јавно и го честиташе роденденот на својата сопруга и во таа прилика под заедничката фотографија објави срцепарателна порака. 

- Нека и е среќен роденденот на мојата прекрасна сопруга. Таа е мојот најдобар пријател и моето се. Јас сум најсреќниот човек на светот и сакам овде да го поминам остатокот од животот. Ја сакам оваа жена, напиша пејачот, кој на грбот го има истетовирано нејзиното име. 

Пред Бенџи, Камерон, меѓу останатите, беше во врска и со Џастин Тимберлејк.