Балкан
1. August 2018 - 13:25

Камион во Сараево газел сè пред себе, меѓу повредените и пејачка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.00 часот во населбата Враца, потврди босанската полиција.
 
Како што пренесуваат тамошните медиуми, несреќата во која учествувале три возила се случила кога на камионот му откажале кочниците.
 
Во таа прилика, камионот удрил два паркирани автомобили.
Од полицијата потврдиле дека две повредени лица биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
 
Пејачката од Сараево, Верена Церовина, била повредена во несреќата. Таа претрпела помали повреди, но сèпак била задржана во болница. Нејзиниот автомобил речиси целосно бил уништен.