Камионџија прегазил две лица кои регулирале сообраќај кај Мавровска брана
Возач на камион од Дебар вчера е лишен од слобода под сомнение дека повредил две лица кои го регулирале сообраќајот на патот кај Мавровската брана. Тој не ги почитувал укажувањата да застане и продолжил со движење.
Од СВР Тетово информираа дека околу пладне на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар кај месноста „Ростушко анче“ од слобода е лишен Д.П. (54) од Дебар.
Овој возач на товарно возило, неполн час претходно бил пријавен од П.Т. (48) од гостиварско Беловиште. Пријавувачот бил ангажиран преку фирма за обезбедување да го регулира сообраќајот поради изведување на градежни работи на патот близу Мавровската брана. Според пријавата, Д.П. не застанал со неговото товарно возило и го повредил него и неговиот колега кои се обиделе да го запрат.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Двете повредени лица побарале медицинска помош во гостиварската болница, каде ги утврдиле видот и карактерот на повредите и се надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден