Кампања на родители во Хрватска против враќање на децата во училишни клупи поради Ковид-19
Група родители во Хрватска почнаа кампања против физичко присуство на децата на училиште, во услови на влошената епидемиолошка состојба во државата и побараа од нив да им се даде можност да одлучат дали ќе ги пуштат своите деца да одат на училиште.
Министерството за наука и образование ќе инсистира на тоа наставата во училиштата да се одвива нормално од 7 септември, освен ако до следната недела растот на присуството на коронавирусот не е толку голем, да се доведе во прашање таквата одлука“, велат од ресорното министерство.
Сепак, како што пишува Нови лист од Ријека, 180 новозаразени лица во Хрватска не одат во прилог на Министерството.
Родителите, кои не сакаат нивните деца да одат на часови во вакви услови, се организирале на Фејсбук како група „Безбедност пред се, можност за избор на часови преку интернет 2020/21“.
Тие практично вршат притисок врз Министерството самите да одлучат дали да ги остават своите деца да одат на училиште или да ги следат лекциите преку интернет од нивните домови.
Групата на социјалните мрежи е основана, како што е објаснето, затоа што некои родители не сакаат некој друг да одлучи за безбедноста и здравјето на нивните деца.
„Ние веруваме дека спасувањето на нашата економска состојба не смее да биде приоритет над здравјето на нашите деца и нивните членови на семејството“, објаснуваат родителите од групата што е основана на 8 август и веќе има над илјада членови.
Ново на Сител
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип