Кампања против германската телевизија ЦДФ за именување на логорот Аушвиц

Полските медиуми започнаа кампања на социјалните мрежи против германскиот национален телевизиски сервис ЦДФ, кој согласно одлука на полски суд требаше јавно да се извини за сторениот прекршок, именување на Аушвиц како „полски логор“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, илјадници Полјаци на социјалните мрежи ја поддржуваат кампањата која има за цел да ја принуди ЦДФ да ја испочитува одлуката на судот во Полска и еден месец на својот веб сајт да објавува извинување до преживеаниот затвореник од Аушвиц, Карол Тендера кого го нарекла „преживеан од полскиот логор Аушвиц“.
Полската Влада од пред неколку години именувањето на нацистичките концентрациони логори што функционирале во Втората светска војна во Полска го прогласи за кривично дело. За време на кампањата корисниците на социјалните мрежи користат фотографии подготвени од полските медиуми со цел да ја принудат ЦДФ да ја почитува одлуката на полскиот суд.
Како одговор на кампањата, ЦДФ најави дека ќе ги блокира сите негативни коментари и корисници на својот веб сајт, кои најчесто го користат хаштагот #германскилогоринасмртта. ЦДФ тврди дека извинувањето за преживеаниот Тендера се објавува од 23 декември минатата година но тој тврди дека телевизијата објавила само линк до текстот со извинување, поради што тоа не може да се пронајде во пребарување на интернет.
Кампањата на социјалните мрежи дополнително може да ги влоши односите меѓу Берлин и Варшава откако една недела пред посетата на канцеларката Ангела Меркел на Полска, лидерот на владејачката полска партија Лех Качински изјави дека со Меркел ќе мора да се расчистат сите отворени прашања, алудирајќи на критиките од Берлин за демократските процеси кај својот прв источен сосед.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
