Македонија
10. July 2015 - 10:27

Кампања за превенција од зависности во Аеродром

Кампања за превенција од зависности  ќе се реализира вечер, од 21 часот до полноќ, пред трговските центри „Бисер“ и „Капитол“ во Аеродром. 

Организатори се Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Здравствен дом Скопје.

- Активностите се со цел информирање на граѓаните и младата популација  за  штетните последици од конзумирање алкохол, дрога и цигари  и за негативното влијание врз развојот на младата личност, како од медицински аспект, така и од аспект на ризик фактор во сообраќајот и на социјалното однесување, информира денеска Министерството за внатрешни работи.