-->
-->
Кампања за заштита од пожари од бадникови огнови
-->
На платото пред ТЦ „Бисер“ и на други локации на територијата на Општина Аеродром денеска напладне ќе се одржи кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови, во пресрет на големиот христијански празник Божик.
Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави овој голем христијански празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари.
Кампањата за заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога се палат бадниковите огнови, како и за правилно користење на грејните тела во зимскиот период, ја организира Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“. сст/лв/07:26
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам