Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани.
Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
