Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

На една седмица од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Чучер-Сандево, Свети Николе и Штип, додека СДСМ има најавено активности во Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш и во Струмица.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обрати на прес-конференција што ќе се одржи во 10:30 часот во неговиот Штаб наспроти „Тренд“ во центарот на Скопје.
Каја Шукова - кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата ќе даде изјава за медиумите во Градски парк кај Кермез во 11:30 часот.
Со почеток во 12:00 часот, кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе одржи прес - конференција во неговиот изборен штаб на плоштад Скендербег.
Прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје денеска напладне ќе одржи потпретседателот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на која ќе се обратат и кандидатот за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, и кандидатот за градоначалник на Јегуновце, Насир Абази.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за директорка на градинка во Кочани, вработила лице како негувател без да поседува лиценца
-

Од почетокот на декември до вчера 6151 сообраќајни прекршоци
-

Кафуле за „љубовни средби“ со „идеалната“ ВИ-личност
-

Јамал фудбалер играч со најмногу голови и асистенции во Лигата на шампионите на 19-годишна возраст
-

Кина погуби поранешен генерален директор поради примање мито
-

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
