Канада ќе и донира на земјава 250.000 долари како помош во борбата против корона пандемијата
Канада ќе и донира на Македонија 250.000 канадски долари како помош во борбата против пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, соопшти Канадската амбасада со седиште во Белград.
-Канада верува дека глобалниот одговор на пандемијата е најефикасната одржлива долгорочна стратегија и во склад со тоа одлучи да издвои значителни средства во борбата против пандемијата низ хуманитарна помош на најранливите земји, преку финансирање на меѓународните организации кои помагаат во управувањето со кризата во текот на пандемијата, како и низ издвојување на средства за истражувања и развој во напорите да се пронајде ефикасна вакцина, стои во соопштението.
Владата на Канада, како што се наведува, најави издвојување на значителни средства за борбата против глобалната пандемија Ковид-19, кои покрај останатото ќе бидат насочени кон мобилизација на канадските научни истражувања кои веќе работат на развојот на ефикасни медицински контра-мерки, поддршка на забрзан развој на вакцината против Ковид-19, пронаоѓањето на безбеден и ефикасен начин на лечење на Ковид-19 во директна соработка со Светската здравствена организација (СЗО), поддршка во дијагностиката на Ковид-19 за повеќе од 20 земји партнери, како и развојот на стратегија во борбата против лажните вести, дезинформациите, стигматизацијата и стравот.
– Соработката на Канада со земјите од регионов е доказ за силната глобална соработка која кризата ја потенцираше како потреба, но и стратегија за понатаму. Канада била и останува да биде партнер за развој на земјава, низ низа од општествено приоритетни проекти, овој пат збогатени и со поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, изјави Анета Пешева, почесен конзул на Канада во Скопје.
Канада и Македонија имаат позитивни билатерални односи и развиена соработка во рамки на НАТО, и иако не е членка на ЕУ, Канада силно ја поддржува Македонија во процесот на евроинтеграциите на земјата.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп