Канцеларија за Косово и Метохија: Група Албанци претепаа Србин во Клокот
Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека синоќа група Албанци претепале 18-годишно момче од Клокот, педесетина километри јужно од Приштина.
Во соопштението се наведува дека момчето било претепано додека со својот брат се враќале од полноќната божиќна литургија од црквата Свети Петар и Павле во Клокот.
Претепаното момче се здоби со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.
Канцеларијата за Косово и Метохија оцени дека и овој напад ја покажува антисрпската хистерија што владее во Косово и колку Србите се загрозени, особено јужно од Ибар.
Инцидентот се случи откако вчера беа повредени две момчиња на 11 и 21 година од огнено оружје. Во нив беше пукано од возило во движење во близина на Штрпце. Косовската полиција синоќа соопшти дека е уапсен 33-годишен напаѓач, кој бил припадник на косовските безбедносни сили.
Ново на Сител
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот