Канцеларијата на Фондацијата Отворено општество од Будимпешта се преместува во Берлин

Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос соопшти дека ќе ја затвори канцеларијата во Будимпешта и ќе ја премести во германската престолнина Берлин. Фондацијата изјави дека си заминува поради се порепресивната политичката и правна средина во Унгарија.
- Одлуката за преместувањето на дејноста надвор од Будимпешта доаѓа во момент кога унгарската Влада се подготвува да воведе нови ограничувања на невладините организации преку пакет законски мерки, кои ги нарече „Стоп Сорос“, се наведува во соопштението на Фондацијата.
Виктор Орбан, чија партија победи на парламентарните избори во април, неколку пати го обвини Сорос и неговата организација за промовирање на миграцијата и поткопување на националната култура.
Фондацијата Отворено општество соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува работата за заштита на човековите права во Унгарија, како и проекти, поврзани со уметноста, слободата на медиумите, транспарентноста, образованието и здравјето. Фондацијата, сепак, ќе се пресели во Германија со своите меѓународни активности и персонал, досега базиран во Будимпешта.
Одлуката за повлекување на фондацијата од Будимпешта, се случува ден по соопштувањето на десничарската влада на Орбан дека ќе ги заостри ограничувањата за невладините организации преку закон, кој го нарече Стоп Сорос.
- Владата на Унгарија ја оцрни и погрешно ја прикажуваше нашата работа и го потисна граѓанското општество за политички придобивки, користејќи тактика што е без преседан во историјата на ЕУ, рече Патрик Гаспар, претседател на Фондацијата Отворено општество.
Портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач не ја коментираше веста за повлекување на Фондацијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
