Кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина на дневен ред на состанокот на министрите на ЕУ
Барањето на Босна и Херцеговина да стане земја кандидат за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред на состанокот на министрите за европски прашања на Унијата, што денеска ќе се одржи во Брисел.
Доколку амбасадорите претходно дадат „зелено светло“, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите, а потоа и лидерите на ЕУ на 15 декември на нивниот самит.
Вчера претставниците на ЕУ не можеа да кажат дали Унијата ќе ја донесе оваа одлука за БиХ и дали некои земји-членки на ЕУ се уште се колебаат.
Според европскиот портал Еурактив, неколку земји членки го поддржале кандидатскиот статус за БиХ, а противници се Франција, Холандија и донекаде Германија, но Хаг, како што се наведува, денеска нема да се спротивстави на одлуката.
БиХ аплицираше за членство во ЕУ во 2016 година, а во октомври Европската комисија препорача земјите-членки да и дадат кандидатски статус на БиХ, но со листа од осум услови кои земјата мора да ги исполни во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
