Каракачанов: ФК Вардар во 1942 бил шампион на Бугарија
Вицепремиерот и министер за одбрана во Бугарската влада Красимир Каракачанов продолжува и понатаму со праќање на провокации преку бугарските медиуми на сметка на македонската историја, традиција и идентитет.
Во неговото последно интервју дадено за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека ФК Вардар Скопје во 1942-1943 година бил шампион во Царството на Бугарија, односно бил бугарски фудбалски шампион.
„Извинете, но таа година, Вардар Скопје е шампион на Царство Бугарија, 43-та или 42-та Вардар Скопје е шампион на Бугарија“ тврди Каракачанов.
Инаку, фудбалскиот клуб Вардар е формиран на 22 јули во 1947 година по фузијата на две спортски друштва, Македонија и Победа, со цел Скопје да добие спортски колектив кој масовно ќе го промовира и ќе го развива спортот.
Она што го зборуваше Каракачанов во интервјуто всушност се однесуваше на фудбалскиот клуб Македонија, односно за натпреварот со Левски, кој е тема на обработка и на филмот Трето полувреме.
Приказната е за екипата на Македонија, симбол за македонската борба и непокор, тим од кој биле дел борци за Македонија, како и интелектуалци од нашата земја и македонски патриоти кои беа тесно поврзани со Народноослободителното движење, се натпреварувала во Првата лига на Бугарија – „Нацистичката“ фудбалска лига.
Историските факти од тоа време велат дека во и околу клубот биле вклучени голем број патриоти, а неговите средби биле главни настани во воено Скопје, на кои се искажувало незадоволството од окупаторот, а се правела промоција на Македонија и на македонскиот патриотизам.
Фудбалскиот клуб Македонија, кој беше формиран веднаш по окупацијата, одигра значајна улога не само на фудбалското поле, туку и во остварувањето на целите и задачите во Народноослободителната војна. Како се редеа победите на ФК Македонија над клубовите во ’елитната бугарска дивизија’, така се разбрануваа масите и спортското скопско поле стануваше поприште на борбата против окупаторот. Натпреварите на Македонија беа повод и место за собирање на масите и за искажување на незадоволството против окупаторот, за афирмација на Македонија и на македонскиот патриотизам, пишува Вано Цветковски во монографијата на „ФК Вардар“ за фудбалот пред и за време на Втората светска војна.
Иако со бугарски функционери во раководството на клубот, ‘Македонија’ била силно поврзана со партизанското движење и со Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ)-от.
Мечевите на Македонија во тоа време биле масовно посетувани, а стадионот во Градскиот парк, кој можел да прими до 5.000 гледачи, бил премал за да ги прими сите заинтересирани на стадионот. Влезниците секогаш биле распродадени, а клубот во тоа време имал над две илјади члена, кои плаќале членарина од 200 до 2.000 лева. Парите од влезниците заминувале за потребите на НОБ, а на мечевите се ширел македонскиот патриотизам и идеалите на Комунистичката партија на Македонија. Оттаму и често на трибините се слушале извиците „Напред Македонија“, „Да живее Македонија“, „Уа Бугари“, „Уа колачи“, „Надвор кучиња“…
И покрај сите притисоци и судиски неправди, предводен од легендарниот унгарски тренер со еврејско потекло Илеш Шпиц тимот дошол до финалниот дуел на лигата, каде го чекал фаворизираниот Левски. Историскиот натпревар се одиграл во Скопје, а Македонија тргнала фуриозно и успеала да поведе со 2-0 и покрај сите притисоци и неправедни одлуки од страна на судијата кој бил наклонет кон Левски.
Публиката „грмела“ против Бугарите, ечело „Долу Бугарија, Горе Македонија!“, a ситуацијата ескалирала кога Левски постигнал нерегуларен гол за 2-1, а судиите решиле да го признаат и да го навлечат гневот на домашните навивачи.
Публиката тогаш направила немири, а судијата бил приморан да го прекине натпреварот и да ги повлече играчите во соблекувалните. Неправдата кон македонскиот народ дополнително се потврдува кога кога било одлучено Левски да го добие натпреварот со службен резултат 0-3.
Ново на Сител
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ
-
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини
-
Сообраќајот по влажни коловози, магла во Сарамзалино, Неготино и Струмица
-
Утринска магла, а потоа сончево и топло до 17 степени
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување