Каракачанов откако ВМРО најверојатно нема да влезе во бугарскиот парламент: Битката е изгубена, но не и војната

Централната изборна комисија сè уште не ги објави конечните бројки, но прогнозата е дека ВМРО нема да биде претставена во 45-от парламент, соопшти лидерот на партијата, Красимир Каракачанов на неговиот Фејсбук профил.
„Благодарност до сите што гласаа. Благодарност до сите што ја поддржаа ВМРО. Ви благодариме што за вас „Бугарија е над сè“ и водечко во вашите одлуки е пред се националниот интерес. Сакам да му гарантирам на секој Бугарин кој ја даде својата доверба и да гласа за ВМРО дека нема да ве изневериме! Дури и надвор од парламентот, ВМРО ќе се потруди да ги одбрани вашите интереси, за кои работевме последните четири години – приход, семејство, безбедност. Ние ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес за Македонија – затоа што не треба да има компромис по секоја цена!
Главите горе, пријатели! Вие не треба да се обесхрабрувате! ВМРО не ја доби оваа битка, но „војната“ допрва претстои – и тоа е за највредната – Бугарија“, додаде Каракачанов.
Според резултатите објавени од ЦИК, партијата на Каракачанов освоила едвај 3,55 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
