Карамарко: Хрватска нема да ја блокира Србија на патот кон ЕУ

Првиот потпретседател на хрватската Влада Томислав Карамарко изјави денеска дека Хрватска нема да ја блокира Србија за влез во ЕУ, бидејќи сака да развива добри односи со соседните држави, но дека Србија мора да ги исполни сите услови за членство.
- Србија мора да ги задоволи стандардите наметнати од ЕУ, кои мораат да се усвојат меѓу макотрпни преговори. Се зависи од Србија, изјави Карамарко пред новинарите во Риека.
Како што пренесува агенцијата Хина, тој рече дека Хрватска посакува границите на ЕУ да се поместат на исток, што значи членство на Србија и Босна и Херцеговина, но повтори дека мора да се исполнат условите.
На прашањето дали може поглавјето 23 да биде првата пречка за Србија, Карамарко одговори дека „Србија не може да фигурира како мини Хаг“.
Хрватски функционери во последните денови повеќе пати напоменаа дека преговарачките мерила за Србија треба да бидат целосна соработка со Хашкиот Трибунал, укинување на надлежноста за процесуирање на воените злосторства на цела поранешна Југославија, како исполнување на обврските од меѓународниот договор за правата на малцинствата.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
