Карамбол во Москва: Во судар на два воза, десетици повредени, четири вагони излетаа во шините

Неколку десетици луѓе се повредени во сударот на два воза во Москва, до кој дошло поради тоа што машиновозачот на едниот воз кој превезувал работници на работа ја потегнал кочницата за вонредни ситуации и нагло закочил за да не го згази човекот што истрчал на пругата, а другата композиција од позади се забила во него.
За среќа нема фатални жртви зошто иако четири вагони излетаа од шните, а еден се превртел на кров.
Руската железница соопшти дека најмалку 50 луѓе побарале помош во болнциа, а градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека 14 се задржани на болничко лекување. Меѓу повредените има и странски државјани, а од министерството за здравство соопштија дека е повредено и едно дете.
Во моментот на сударот во патничкиот воз имало 445 патници и членови на посадата, а во возот кој превезувал само работнци, бил само машиновозачот, неговиот помошник и двајца кондуктери, соопштија истражителите.
До сударот дошло кога машиновозачот здогледал човек на шините и сакал да ги избегне.
За да не го прегази, ја повлекол кочницата за вонредни ситуации, со што го пореметил нормалното функционирање на системот за кочење, објасни Денисов. Машиновозачот на патничкиот воз кој бил веднаш зад него, сфатил што се случува па и тој ја повлекол кочницата за вонредни ситуации, но растојанието било премногу мало за да се избегне сударот.
Меѓутоа, по социјалните мрежи почнаа да кружат сведочења на очевидци, од кои некои тврдат дека возот кој превезувал работници стоел цели 20 минути пред во него да се зачука другиот воз. Наводно машиновозачот и помошникот се обидувале да ги оспособат кочниците кои останале блокирани. Затоа е формирана посебна комисија која ќе го истражи овој случај.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата

