Карбинската општина реализира проекти вредни над еден милион евра
Шестте инфраструктурни проекти, кои се реализираат со средства преку Министерството за локална самоуправа, Бирото за рамномерен регионален развој и Платежната агенција се причина за ребалансот, односно проширување на буџетот на општина Карбинци. Градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев вели дека во општината ова лето и есен ќе се реализираат проекти во повеќе населени места, чија вредност изнесува околу 80 милиони денари или над 1.290.000 евра.
-Проширувањето на буџетот го направивме, бидејќи овие средства не беа планирани во буџетот. Секој инфраструктурен проект, со којшто се подобрува животот во населените места или изградба на локални патишта е значаен за жителите на општина Карбинци, вели Насев.
Дел од проектите се во фаза на тендерски постапки, а нивната реализација ќе почне во август. Во селото Карбинци ќе се гради пристапен пат и мост, додека во село Крупиште ќе се градат нови улици, мал плоштад ќе добие селото Радање, а локални патишта ќе се градат до селото Оџалија и викенд населбата Вртешка. Одлуката за проширување на буџетот на општина Карбинци е донесена од страна на советниците во Советот на општината, со цел без проблеми да течат постапките, за овие проекти.
Ново на Сител
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри