-->
-->
Кариерата ќе ја завршам во Реал
-->
Менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш, оценил дека неговиот клиент е најдобриот фудбалер на сите времиња и дополнил дека тој својата кариера ќе ја заврши во дресот на мадридски Реал.
„Тој е најдобриот на сите времиња. Сигурен сум дека во наредните четири, пет, шест или седум години ќе игра во Реал. Среќен е во Реал. Ќе се пензионира на 40 години, а кариерата ќе ја заврши во Мадрид“, изјавил Мендеш за Sky Sports.
Трикратниот освојувач на „Златната топка“, се поврзува со трансфер во ПСЖ или со враќање во Манчестер Јунајтед, но меговиот менаџер ги демантираше овие гласини.
Роналдо (30), во јуни 2009 година од Манчестер Јунјатед се пресели во Реал Мадрид. За шест ипол години во ’кралскиот клуб’ одиграл 322 натпревари и постигнал 336 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај