Карл Билд во Скопје- Иванов не планира средба

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов нема да го прими поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт кој е во посета на Македонија.
Поранешниот шведски политичар, и сегашен ко-претседавач нa тинк – тенк организација која се занимава со политички анализи, доаѓа во Македонија на средба со политичките лидери, јавуваат повеќе домашни медиуми.
Од Кабинетот на Иванов официјално велат дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.
Неофицијално до средба Иванов – Билт нема да дојде пред се поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Билт честопати фаворизира одредена страна, давајќи свои коментари и изјави во врска со политичките случувања на Балканот но и во Македонија. Пред своето доаѓање во Скопје тој на својот Твитер профил напиша: „Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дела разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка.“
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
