Џет-Сет
11. October 2016 - 20:53

Карлеуша се поднови, еве што и подари сопругот

Јелена Карлеуша на социјалните мрежи се пофали со својот нов, луксузен автомобил.

Имено, пејачката се фотографираше покрај „лутата машина“ со пораката “Ти благодарам душо“, па фановите претпоставуваат дека во прашање е подарок од сопругот Душко Тошиќ.

Станува збор за "Mercedes-AMG GLE coupe" чија вредност е околу 70.000 евра.

Карлеуша на фотографиите држи и плишано црвено срце, а на нејзиното лице се гледа дека е многу среќна.

Ова бе е првпат сопругот да ја изненади со луксузен подарок. За прославата на нејзиниот 38. роденден Душко ја израдува со скапоцен ролекс.